Иако поминале шест недели, сепак, бременоста е сè уште ново искуство за вас, па нормално е дека сè уште се чувствувате возбудено. Хормонските промени ве прават да се чувствувате како да имате ПМС, на моменти се чувствувавте тажно, замислено, а веќе другиот момент сè поминува. Голем број важни органи и функции почнуваат да се развиваат во шестата недела, како што е циркулаторниот систем и формирање на очите, внатрешното уво и усната празнина. Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела.
Вашето бебе е со големина на зрно грашок.
Во шестата недела вашиот ембрион е со должина од 6 мм, а во следната недела ќе ја дуплира должината.
Бебе во 6.недела
Ембрионот има формирано циркулаторен систем што ја движи крвта. Во оваа недела почнува да се развиваат носот, очите, ушите брадата и градите.
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Замор – како резултат на хормонските промени и намалениот крвен притисок кој нормално се случува во бременоста, се чувствувате исцрпено и уморно.
Мачнини – Утринските мачнини, иако се најчести во утринскиот период, може да бидат присутни и во текот на денот.
Отечени и болни гради – како резултат на зголемената циркулација на крв. Вашите гради полека се подготвуваат за најубавата функција – доење.
Промени во расположение – главниот виновник се хормоните. Одморајте колку што можете повеќе и јадете здрава храна.
Советуваме
Дознајте која храна е безбедна за вас во текот на бременоста.
Прочитајте зошто е важно да земате фолна киселина
Сигурно имате милион прашања, дали е сè в ред, што се случува сега со бебето и сл. Запишувајте ги за да можете да го прашате вашиот гинеколог на следниот преглед.