Свест: Одговара на сопствениот одраз во огледало со насмевка. Го прекинува цицањето за да го чуе гласот на родителот.
Говор: Гуга. Стимулирано артикулира звуци кога ќе слушне говор.
Фини движења: Подава раце кон подаден предмет. Кога лежи на грб, ги движи двете раце заедно.
Груби движења: Со нозе се потпира од цврста подлога. Ако се постави на стомак ја подига главата. Силата на движењето на нозете (особено во коленото и колкот) се зголемува.
Сетила: Кога му се зборува, гуга и се смее. Доколку не одговори тоа може да биде прв знак дека можеби постои оштетување на слухот. Движењето на очите треба да е во иста линија и треба да може да фокусира предмет.