12. недела
Работите се менуваат брзо. Го завршивте првиот триместар, што значи хормоните ќе се смират за одреден степен, па ќе почнете да чувствувате промени во расположението. Најчесто доаѓа и до смирување на одредени симптоми кои на почетокот беа исцрпувачки. Но, наместо нив, можна е појава на главоболка и мрзеливост, особено во утринските часови. Најголемата промена е тоа што вашето бебе речиси го завршило развојот на сите важни органи и системи. Во овој период доаѓаат и првите важни прашања – дали сè е во ред со моето бебе, дали се развива нормално, дали има некое генетско нарушување? Сите овие прашања ќе ги одговори вашиот гинеколог.
Вашето бебе е со големина на слива
Просечна должина изнесува 53 мм, просечната тежина 13 грама. Сега, кога се оформени главните органи и системи, фетусот има задача само да расте и да се зголемува.
Бебе во 12.недела
- Главните органи и системи се целосно формирани
- Влегува во фаза на раст и развој, во кој органите и ткивата растат и се развиваат со голема брзина. Плацентата почнува да ја извршува својата функција и преку папчаникот носи до плодот хранливи материи потребни за раст и развој.
- Се развиваат ноктите
- Развива рефлекси, при допир со ехо сондата фетусот прави движење
- Ги отвора и затвора прстите на рацете и ги мрда прстите
- Мозокот се развива брзо
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Хормоните почнуваат да се стабилизираат. Тоа значи помалку мачнини и замор.
Зголемен вагинален исцедок кој ве заштитува од инфекции. Доколку забележите дека ваквиот исцедок е сè почест, со променлива боја и карактеристичен мирис, информирајте го вашиот гинеколог. Уринарни инфекции во бременоста можат да поминат незабележано, а можат да направат оштетувања како на плодот така и на здравјето на идната мајка. За да се добие здрав плод и да се зачува здравјето на мајката во текот на бременоста, потребно е нивно рано дијагностицирање и лекување.
Главоболки и мрзеливост.
Советуваме
Со цел да се постигне подетално иследување на морфологијата на феталното срце, се препорачува преглед феталната ехокардиографија (ехо на срцето на бебето). Кај трудниците со висок ризик овој преглед треба да се спроведе меѓу 12. и 16. гестациска недела. Како задолжителен рутински скрининг за сите бремени жени, најсоодветно е да се спроведе меѓу 19. и 24. гестациска недела.
Практикувајте пилатес во бременоста.
Информирајте се за знаците на дехидратација, или уште подобро – пијте многу течности.