fbpx

Свест: Испушта предмет за да го гледа родителот како го подига. Гледа од каде паѓа предметот и каде ќе падне на подот.

Говор: Го следи движењето на усните на возрасниот и се обидува да ги повтори. Почнува да изговара консонанти како "М" и "Б".

Меморија: Го погодува предметот ако му биде покажан само дел од него.

Фини движења: Префрла предмет од рака во рака. Може да го држи шишенцето со две раце.

Груби движења: Развива подобра контрола над трупот, главата и вратот. Ја подига главата и ја држи додека лежи на стомак. Подигнато во раце „како авионче” телото го држи цврсто. Легнато на грб ги зема стапалата и ги принесува кон устата.

Хранење: Бебињата се спремни за храна богата со железо, како што е зелениот зеленчук, која поволно влијае врз растењето. Започнете со исхрана доколку вашиот педијатар ви препорачал. Лесно им се одвлекува вниманието при доењето. 

Спиење: Сонот трае цела ноќ со две попладневни спиења.