Дали можам да забременам со лупус?
Лупус е автоимуна болест што се јавува кога телото се напаѓа само себе т. е. клетките на имунолошкиот систем почнуваат да ја напаѓаат кожата, бубрезите и зглобовите. Луѓето со лупус страдаат од воспаление на зглобовите и/или бубрежна болест. Оваа болест често тешко се дијагностицира бидејки симптомите се исти со другите болести. Но, најкарактеристичен симптом е кожното црвенило на образите во облик на пеперутка.
Бременост и лупус
Во минатото жените со лупус се советувале да не забременуваат поради потенцијалните ризици по мајката и детето. Но, денеска со развојот на медицината, и жените со лупус може да станат мајки и да родат здрави бебиња. Првите чекори за здрава бременост и бебе треба да се преземат уште пред да забременат.
1. Болеста да е во ремисија
Пред да забремените, вашата болест мора да биде во мирување, бидејќи бременоста е дополнителен стрес за бубрезите. Се препорачува болеста да биде во ремисија најмалку 6 месеци. Ова особено важи за пациентки кај кои болеста е поврзана со бубрезите.
2. Консултација со вашиот лекар
Некои леков за лупус се безбедни за бременоста. Но, други, пак, може да му наштетат на плодот. Затао пред бре- меност, лекарот треба да ви препише лекови кои ќе бидат безбедни за вашето бебе и нема да предизвикаат компликации.
3. Одберете гинеколог за високоризична бременост
Бидејќи бременоста кај жени со лупус може има одредени потенцијални ризици, вклучувајќи и хипертензија која може да дојде до предвремено породување, потребно е бременоста да е водена од искусен гинеколог кој е специјализиран во областа за високоризични бремености. Најдобро е пред бременоста да се консултирате со гинекологот.