fbpx

Повторувачки абортуси

Спонтаниот абортус се дефинира како прекин на бременоста до 20. гестациска недела и исфрлање на ембрионот или фетусот од матката. Ваквите абортуси се застапени со 10-20 отсто од вкупниот број на абортуси. За да се почне со детална анализа на причините за повторувачките абортуси д-р Ана Кацарска, гинеколог акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, нагласува дека е потребно да се јават три абортуси, кои не мора да бидат последователни.

 

Симптоми

Најчести симптоми се вагинални­те крвавења, контракции, стегање на матката, болки во долниот дел на стомакот. За да се постави дијагноза се прави гинеколошки преглед, се гледа дали крвавењето е обилно и се пра­ви ехо за утврдување на состојбата на плодот и постелката.

Причини

Постојат голем број причини што до­ведуваат до појава на спонтан абортус, па токму затоа се советува секоја же­на која планира бременост да посети гинеколог и да направи базични испитувања за да се има комплетна сли­ка за нејзината здравствена состојба. Инфекциите се потенцијален фак­ тор за спонтани абортуси, но и за предвремено породување, па при пос­ тоење на инфекција неопходно е двај­цата партнери да примаат терапија. Урогениталниот систем кај жената се формира околу 6. гестациска недела и уште тогаш може да настанат вро­дени аномалии - дворога или нецелосна матка, септум. Здобиени малформации се миомите на матката и ендометријалните полипи. Тромбофи­ли се нарушувања во системот на коагулација на пациентката, а може да бидат вродени и здобиени. Тие се и причина за висок крвен притисок во бременоста и за интраутерин застој. Многу важна причина за настанување на абортуси во првиот триместар е и генетската предиспозиција. Како причина за повторувачките спонтани абортуси може да бидат и нарушува­њата на тироидната функција, нерегулираниот дијабетес, полицистичниот оваријален синдром, нарушувања во животниот стил. Во ризичната група се и пациентките со намалена овари­ јална функција.

Информации

Битни информации кои му се потребни на гинекологот е тоа дали пациентката претходно имала бременост, како завршила таа, дали имала предвремено породување или абортус. Ако бременоста завршила со абортус битна информација е во која гестациска недела настанал абортусот. Ако се ра­ боти за чести абортуси во првиот триместар причина се генетските нарушувања, хромозомските абнормалнос­ ти или тромбофилите. Аномалиите на матката доведуваат до абортус во вториот триместар. Ако абортусите настануваат во првиот триместар и се чести тогаш постојат опции да се направи генетско испитување на абортираниот материјал или двајцата партнери да направат кариотип од периферна крв.

Третман

Овој тип абортуси бара мултидисциплинарен пристап и низа испиту­вања. По добивање на резултатите се пропишува терапија или се прават соодветни минимално инванзивни интервенции за отстранување на вродените анатомски малформации кои биле причина за абортус. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ можете да ги направите сите потребни испитувања со цел откривање на причините од кои настанал абортусот и превенција од повторна појава.

Испитувања

Најчесто по првиот абортус не се препорачуваат дополнителни испитувања кај пациентката. Потребни се редовни контроли и период од околу 6 месеци до реализација на следната бременост. Доколку, пак, абортусите се повторувачки се бара стручно мислење, за да се утврдат причините и да се испланира индивидуален третман.