fbpx

Третман на воспаление на крајници (Видео)

Воспалението на крајниците најчесто се јавува во детската возраст, особено помеѓу втората и седмата година кога децата почнуваат да се социјализираат во градинките и училиштата.

Доколку инфекцијата е предизвикана од бактерија, важно е да се одреди правилен антибиотик,  во доза одредена според телесната тежина на детето. За да се одреди антибиотикот потребно е да се направи брис кој ќе ја потврди бактериската инфекција. Исто така важно е времетраењето на земањето на антибиотикот, а тоа е 10 дена без прекин.  Индикација за операција на крајниците ја дава доктор оториноларинголог кој го следи детето и ја познава неговата здравствена историја. Проценката е индивидуална и е различна за секое дете.

Како да се третира воспалението на крајниците, особено воспалението на третиот крајник, дали операцијата е најдоброто решение кај честите воспаленија на крајници дознајте од гостувањето на прим. д-р Борислав Гогушевски.