fbpx

Како да ги препознаете промените на кожата на вашите деца

Кожата кај бебињата и малите деца претставува надворешна бариера која ги штити внатрешните органи. Истовремено, таа е најпрецизен термостат за регулирање на топлината помеѓу надворешната средина и организмот на детето. Во првите недели од животот температурата на телото не се регулира по пат на потење туку по пат на испарување на вишокот топлина низ пропустливите слоеви на тенката кожа. Лојните жлезди исто така во првите месеци од животот се послабо развиени. Околу четвртата година од животот, кожата и нејзините поврзани делови (коса, нокти и жлезди) стануваат зрели. Меѓутоа, детската кожа и понатаму е тенка и има помала пигментација од кожата на возрасните. Поради слабата развиеност на механизмот за самозаштита, младата кожа е посебно чувствителна на UV зрачење. Приближно до шестата година структурата на кожата е во целост развиена и одговара на онаа кај возрасните.

Најчести промени на кожата кај бебињата и децата

Себороичен дерматит – претставува вообичаен проблем на кожата на главата кај бебињата и се јавува во првите месеци на животот. Се манифестира во вид на цврсти бело – жолти наслаги на главата на бебето. Кожата под лушпите е лесно надразнета, со црвена боја, но се смета дека овој дерматит не создава тегоби кај бебињата и не чеша. Нема инфективен карактер и не се пренесува на други.

Егзем – претставува хронично алергиско воспаление на кожата кое се манифестира со сува, испукана кожа, придружена со црвенило и чешање. Овие промени најчесто се јавуваат на рацете, лактите, колената, преодните зони и лицето. Настанува како резултат на влијание на наследен фактор и околината. Го предизвикуваат алергени како што се домашна прав, пердуви и некои хранливи продукти (најчесто кравјо млеко, јагоди и сл.). Болеста најчесто започнува околу третиот месец од животот во поблаг облик и може да се задржи до адолесценција. Децата заболени од егзем може да имаат склоност кон други хронични заболувања, како што се алергиски ринитис и астма (атопија).

Пеленски осип – претставува чест облик на воспаление на кожата што се појавува во вид на црвени точки и црвенила во пеленската зона. Вообичаено е поврзано со иритација поради недоволно менување на пелените, проливи и облека која спречува циркулација на воздух. Може да се развие и при воведување цврста храна во исхрана кај бебето, поради исхраната на мајката доилка или кога бебето зема антибиотици. Најчесто се појавува кај доенчиња во првите 15 месеци од животот.

Акни кај новороденче – на лицето на бебето, особено на носот, брадата и образите честопати се забележуваат белузлави испапчувања кои изгледаат како зрно просо и се нарекуваат милии. Се јавуваат поради задржување на делчиња од бебешката кожа во површинските пори на кожата. Понекогаш постојат и ситни црвени точки на образите познати како бебешки акни, кои се поврзуваат со хормонските промени. Овие промени се повлекуваат спонтано.

Морбили, рубеола, варичела, шарлах, инфективен еритем, како и тридневната треска се инфективни или егзантемски болести. Многу често се јавуваат кај деца, а по- ради слични симптоми понекогаш тешко се разликуваат меѓусебе.

Болест на раце, нозе и уста – ја предизвикува вирус од групата ентеровируси кои живеат во дигестивниот тракт, особено коксаки вирусот. Оваа болест е дос- та заразна, лесно се пренесува на директен или индиректен начин. Најзагрозени се децата до петта година, а во ретки случаи може да се јави и кај возрасни. Болеста вообичаено трае 3 – 5 дена, најмногу 10 дена, почесто се јавува во доцно лето и есен, но може и во текот на целата година. Најважна манифестација е осип, кој прво се појавува во уста, во вид на болни пликови на грлото, јазикот, гингивите, непцето или од внатрешната страна на образите. Пликовите се црвени, со белузлав врв, често пукаат и на тоа место останува оштетена кожа. Слични промени се јавуваат и на дланките и стапалата, а можен е и осип и во делот на препоните. Во ретки случаи децата не развиваат осип на кожа туку болеста се манифестира само во вид на ранички на задниот ѕид на грлото. Вообичаено пред појава на осипот се јавуваат таканаречени продромални симптоми (симптоми кои се јавуваат пред кожните промени), придружени со температура, изнемоштеност, раздразливост и болки во мускулите.

Импетиго – претставува површинска инфекција од стафилококни и стрептококни бактерии. Најчесто се јавува кај мали деца, почесто во топлите месеци со вообичаено зафаќање на лицето, особено околу нос и уста, но промените може да се јават и на други места на телото. Се создаваат карактеристични лушпи кои личат на кора од мед. Промените не се болни, а заболените се во добра општа состојба. Доколку постои зголемена телесна температура, покажува на ширење на инфекцијата во длабоките ткива или на друга инфекција. 8Вирусни брадавици претставува заразно заболување од HPV вирусот, обично се јавува кај претшколски деца и лесно се пренесува со директен контакт или индиректно (пример преку базенска вода). Главно се јавуваат на дланки и стапала, а поретко на лице и други делови од телото. Бра- давиците се заразни, но тоа не значи дека кај секое лице инфицирано со HPV вирусот ќе има појава на промени. Постојат неколку типови брадавици, а кој тип ќе се појави, зависи од типот на вирусот што ја предизвикал инфекцијата.