fbpx

Како да им помогнете на бебињата кога имаат грчеви (Видео)

Бебешките грчеви се една од најчестите причини за паника и грижа кај родителите. Се јавуваат во првите месеци од животот на новороденчето, кога новите родители се соочуваат со многу нови работи. Интензивниот плач претставува стрес и причина за вознемиреност, но имајте во предвид дека станува збор за нормална појава со која се соочуваат речиси сите бебиња. Слушнете го гостувањето на д-р Александар Сајковски, педијатар во „Аџибадем Систина“ и помогнете му на вашето малечко полесно да ги надмине грчевите, а и вие да бидете смирени и спокојни.