Патронажна посета за новороденчето
Неонаталниот период од развојот на бебето претставува најважен период за здравјето на вашето новороденче, а редовните здравствени контроли и грижа за него се од голема важност за неговиот понатамошен живот. Целта на програмата за посета на патронажни сестри на новороденчето е да им помогнат на мајката и бебето во домашни услови, но и да ги направат потребните контроли во текот на овој период. Домашната посета на новороденчето претставува значајно олеснување за мајката и бебето, со тоа што бебето останува во безбедна средина и се елиминира дополнителниот ризик од одење во болница.
Домашните посети овозможуваат навремено интервенирање доколку се појави некоја промена кај бебето, доколку има проблеми со исхраната, како и за текот на адаптација на новороденчето и воспоставувањето на односот мајка-бебе. При посетата се набљудува и хигиената и условите во кое се чува бебето, како и соодветната топлина на просторот.