fbpx

Иако десертите се најомилениот дел од оброците препорачливо е посебно да се внимава со нив. Денес децата стануваат зависни од некои брендови на чоколади, кекси и сл., а тоа е целта на производителот и со самото тоа користењето на хемикалиите за таа намена го нарушува балансот на детскиот организам. За таа цел , домашно подготвените слатки се подобра солуција, но да се внимава на квантитет и  застапеноста на десертите во детската нутриција бидејќи предозирањето со шеќер води кон хиперактивнот. Според светските препораки, комплетно да се исклучат од исхрана гумените бомбони, шарените колачиња, газираните пијалаци, соковите кои се растворуваат, како и прашоците со кои се подготвуваат сокови. Овие некорисни производи треба се заменат со свежо цедени сокови, богати со витамини и минерали, исклучително важни за равојот на децата и зголемувањето на имунитетот. Овие препораки не претставуваат невозможна мисија на родителите бидејќи нашата држава изобилува со плодна почва за одгледување органска храна, како и со продавници кои можат да снабдат со широка палета органски производи. Да им обезбедиме вистинско детство на нашите деца!

Како да ја избереме најдобра храна за малечкото?

Од исклучително значење е секој родител да ја земе предвид есенцијалната улога на исхраната за постигнување на оптимално здравје кај секое дете, особено во првите години од животот, кога се формира имунитетот. Токму затоа едукацијата и надградувањето на мајките во однос на исхраната е особено битна.  Денес постојат многу извори на информации од кои најкорисен е интернетот, меѓутоа во интерес на добивање прецизни информации и насоки, сепак, најдобра опција е консултацијата со професионалци кои се стручни во својата област како педијатрите и нутриционистите. Ова се потенцира бидејќи не ретко се случува на интернет да најдат информации кои не се точни или научно потврдени.