fbpx

Ановулација - изостанок на овулација

Процесот на овулација е зависен од хормони кои се лачат од структури во мозокот (хипоталамус и хипофиза), а кои раководат со функцијата на овариумите. Одредени нарушувања во овие структури, како стрес, исцрпувачка физичка активност, потхранетост, дебелина, тумори или повреди можат да предизвикаат изостанок на овулација. Кај пациентки со хроничен изостанок на овулација како причина за неплодност се спроведуваат методи за стимулирање на овулацијата со употреба на таблети и инјекции под строг надзор на гинеколог од областа на репродуктивната медицина за постигнување бременост.

КАКО МОЖЕТЕ САМИ ДА ПОМОГНЕТЕ ВАШИТЕ ЦИКЛУСИ ДА БИДАТ ОВУЛАТОРНИ:

Одржувајте ја телесната тежина оптимална за вашата телесна градба. Запомнете дека дебелината и потхранетоста се секогаш поврзани со изостанок на овулација.

- Физичката активност треба да биде умерена. Запомнете дека исцрпувачки физички вежби доведуваат до изостанок на овулација.

Хранете се здраво, избалансирано и редовно. Запомнете дека повторувачки диети, изгладнетост и нарушување во хранителните навики предизвикуваат анорексија и булимија со губиток на овулација и менструација.

Хроничен стрес и замор може да доведе до промени во циклусот и отсуство на овулација