Драги наши идни мајки, ве известуваме дека секоја среда во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржуваат бесплатни предавања за трудници. Циклусот предавања ги опфаќа најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Споделувањето различни искуства е добредојдено, особено за новите мајки за кои бременоста е прво искуство.
Новиот циклус започнува на 07. Март, а предавачи се тим специјалисти од различни дејности и акушерки од болницата. Првото предавање е на тема – Промени и задолжителни скрининзи за време на бременост, а предавач е ќе биде доктор по гинекологија и акушерство.
Со задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.
За да го најавите вашето присуство потребно е да се јавите во нашиот Контакт центар на 02 30 99 500. Погледнете ја целата програма