Сè што треба да знаете за сперматозоидите
Колку долго живеат сперматозоидите?
Одговорот на ова прашање зависи од голем број фактори, од кои најважно е местото каде што се наоѓа сперма. На сува површина, како на пример облека или постелнина, сперматозоидите умираат кога семето ќе се исуши. Во вода, како што е топла бања или топла када, сперматозоидите, најверојатно, ќе живеат подолго бидејќи се способни да опстојуваат во топли, влажни средини. Сепак, шансите дека сперматозоидот во када полна со вода ќе го најде патот до жената и ќе се спои со јајце клетка се многу мали. Во телото на жената, пак, сперматозоидите можат да живеат и до пет дена. Ако имате незаштитени сексуални односи со вашиот партнер, постои можност за забременување и по неколку дена.
Колку сперма е потребно за да се постигне бременост?
За да се постигне бременост доволно е јајце клетката да се оплоди со еден сперматозоид. Просечната ејакулација (според СЗО) содржи до 120 милиони сперматозоиди. Според Светската здравствена организација, мажи кои имаат помалку од 40 милиони сперматозоиди на милилитар сперма се ризични да имаат проблеми со плодноста.
Како да се подобри здравјето на спермата?
Многу од работите кои ги правите да го одржите своето здравје во добра состојба се добри и за здрава сперма. Тие вклучуваат:
- Откажување од пушењето цигари и дроги, како и консумирање стероиди
- Избегнување на изложеност на зрачење, токсини, како што се пестицидите и тешките метали Ограничување во внесот на алкохол
- Јадење здрава храна и одржување здрава тежина
- Внимавајте на скротумот (мадно ќесе) бидејќи топлината го забавува производството на сперма. Избегнувајте топли бањи и топли кади, носете боксерки наместо тесна и прилепена долна облека, избегнувајте и тесни панталони.
- Кај мали деца, тестисите да се спуштат најдоцна до втората година
Спермограм
Испитувањето на спермата е еден од најважните и основни методи за одредување на функцијата на тестисите. Спермограм е тест со кој се одредува плодноста кај мажот преку проверка на квалитетот и квантитетот на спермата. Поради честите варијации на резултатите од спермограмот, се препорачуваат две едноподруго анализи во рок од 45 дена. Се смета дека постои висока оплодна моќ кога бројот на сперматозоиди е до 185 милиони на милилитар. Исто така, се претпоставува дека плодноста е намалена ако има помалку од 20 милиони активни сперматозоиди на милилитар. При тоа треба да бидат брзо подвижни барем 25% од сперматозоидите, при што е важно да се движат прогресивно, а не во место. Сперматозоидите стануваат подвижни дури по ејакулацијата. Во гениталниот тракт на жената сперматозоидите се подвижни 48 до 72 часа по ејакулацијата движејќи се со брзина од 0,5 до 3 мм во минута. Вкупната должина на човечкиот сперматозоид изнесува 0,05 мм. Остатокот е опашката. Со помош на спермограмот се одредува и концентрацијата на спермата, нивната подвижност (се смета дека по еден час најмалку 25% од сперматозоидите треба да се подвижни), големината, обликот и изгледот.
Дали возраста влијае на плодноста?
За разлика од жените, чија плодност завршува во менопаузата, мажите продолжуваат да бидат плодни. Иако производството на сперма се намалува со возраста, тие продолжуваат да ja произведуваат.