Млекото кое сте го испразниле од вашите дојки можете да го складирате во стерилен сад или кесичка за таа намена и да стои најмногу 4 часа на собна температура (21-23 степени), 48 часа во фрижидер и 3-4 месеци во замрзнувач.
Млекото што го складирате за понатамошна употреба треба да го подготвите во точни количини кои вашето бебе редовно ги прима и да го затоплите во сад со топла вода.