fbpx

Најчесто маститисот се јавува на самиот почеток кога се воспоставува доењето, но секако дека секоја доилка може во кој било период од доењето да добие воспаление на млечната жлезда. Она што е најважно е секоја жена пред да започне со доењето да биде добро едуцирана и информирана за правилата и техниките на доењето бидејќи честопати маститисот може да биде резултат на неправилна положба на цицање на бебето. Првиот класичен знак за појава и развој на воспалението е застојот на млеко во жлездата. Доколку не се започне со стимулација на доењето и излачување на млекото, состојбата може да се развива и комплицира.

За безбедно доење и заштита од појава на маститисот, слушнете ги советите на д-р Корнелија Трајкова, гинеколог-акушер.

https://www.youtube.com/embed/mibUSU36M3Q