fbpx

Фетусот се развива со голема брзина. Во овој период сигурно чувствувате зголемена потреба за храна, но внимавајте. Во овој период на интензивен раст на вашето малечко потребна ви е исхрана богата со протеини, па затоа гледајте да обезбедите доволно хранливи материи. Уживајте во јадењето, уште подобро доколку ви се намалени и утринските мачнини, но не внесувајте премногу масти во исхраната кои само ќе ве направат да се чувствувате потешки. Јадењето за двајца не значи дека треба да ги удвоите  калориите.

Вашето бебе е со големина на  лимон

Просечна должина изнесува 10-12 цм, а тежи околу 45 грама. Речиси двојно ја зголемува својата тежина во однос на минатата недела и продолжува да расте со забрзан интензитет.

Бебе во 14.недела

На ехо прегледот можете да забележите како вашето бебе го цица палецот

Бубрезите почнуваат да функционираат и создаваат урина

Функционираат  црниот дроб и слезината

Кожата на бебето е прекриена со  нежни, меки  влакненца познати како лануго влакненца

Вратот е добро развиен и главата веќе не лежи на градите

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Полека се враќате во нормала и имате повеќе енергија

Можни се болки и грчеви во долниот дел на стомакот поради истегнувањето на мускулите и лигаментите на стомакот

Еден од поубавите симптоми кои се јавуваат кај бремените жени е впечатливиот  сјај на косата.

Советуваме

Пренаталните скрининзи се од големо значење за детекција на какви било аномалии. И во овој триместар се прават задолжителни прегледи што  ќе ви помогнат да се осигурате дека сè е во ред со вашето малечко.

Правете редовна месечна контрола на урината. Уринарните инфекции во текот на бременоста можат зачестено да се јавуваат поради олабавување на мазната мускулатура на уринарните органи кај жената, притисокот кој од растење на плодот во матката се пренесува на околните структури од уринарниот тракт и поради близината на уретрата до аналната и вагиналната регија.