fbpx

Донесовте одлука дека сакате да забремените? За да имате здрава бременост, потребно е да направите неколку работи кои ќе го подготват вашето тело за новата улога.  Доколку планирате да забремените и да имате здрава бременост, треба да ги почитувате следните препораки:

  1. Движете се

 Подгответе го телото за здрава бременост. Добрата телесна кондиција ќе ја олесни бременоста како и чинот на породувањето. Затоа раздвижете се. Доколку не можете да одвоите поголем дел од времето во вежбање, доволно е 30 минутно движење во текот на денот кое ќе направи да се чувствувате релаксирано и ќе ја одржува телесната активност. Возењето  велосипед и пливање се исто така одлична опција. Откако ќе бидете бремени, во консултација со гинекологот продолжете со лесни вежби и прошетки кои позитивно ќе влијаат на бременоста.

  1. Хранете се здраво

Една од најдобрите работи што можете да ја направите во период кога ја планирате вашата бременост е да јадете здраво. Насочете ја вашата исхрана така штоп ќе внесувате доволно количество на протеини, железо, калциум и фолна киселина. Вашето дневно мени нека изобилува со многу овошје и зеленчук. Избегнувајте чипсови, пржена храна и брза храна која е високо калорична, а без нутритивна вредност.

  1. Пијте фолна киселина

Земањето на суплементи со фолна киселина се препорачува да почне уште во текот пред да забремените. Доволен е внес на 400 микрограмови фолна киселина на ден. Намирници кои го содржат големи количини на фолна киселина  се зелената салата, цитрусните плодови и гравот. Фолната киселина помага во превенцијата од сериозни нарушувања на плодот.

  1. Направете рутински преглед кај вашиот гинеколог

Посетата на гинеколог пред да забремените е одлична можност да разговарате за сите нејасни прашања поврзани со бременоста. Пред да забремените, мора да бидете сигурни дека сте дека немате инфекција на гениталиите која може да предизвика нарушувања во развојот на плодот или предвремено породување. Гинекологот ќе ги направи сите потребни испитувања за инфекции и сексуално преносливи болести. Во одредени случаи се прават и генетски испитувања за да се утврди ризикот од појава на одредена болест.

  1. Посетете стоматолог

Оралното здравје во текот на бременоста е од витално значење за вас и вашето бебе. Бременоста го зголемува ризикот за појава на воспаление на непцата, а здравјето на усната празнина може да влијае врз развојот на бебето.  Токму затоа, рутински стоматолошки прегледи во овој период се препорачуваат кај сите идни мајки.  Водењето според препораките на стоматологот, редовната хигиена на усната празнина и правилната исхрана се клучот за здрави заби и безбедна бременост.

  1. Оставете ги цигарите

Откажете се од цигарите во периодот пред забременувањето и бременоста. Пушењето може да го отежнува процесот на забременување и го зголемува ризикот од абортус, предвремено породување и раѓање плод со мала телесна тежина. Исто така, го зголемува и ризикот од појава на Синдромот на ненадејна смрт кај новороденчето (SIDS). Покрај вас, во периодот на забременување, пожелно е во откажувањето од оваа лоша навика да се приклучи и вашиот партнер.

  1. Откажете се од алкохолот

Гинеколозите препорачуваат да не се конзумира  алкохол во овој период. Алкохолот  може да го отежни процесот на забременување, а неговото конзумирање во бременоста може да предизвика нарушувања во развојот на плодот. Не кревајте паника доколку сте се напиле алкохол не знаејќи дека сте бремена. Во мали количини не е докажан негативниот ефект.

  1. Контролирајте ја телесната тежина

Потрудете се одржувате здрава телесна тежина. Слабите жени потешко забременуваат, додека оние со прекумерна тежина во бременоста може да имаат некои здравствени проблеми, како што се дијабетесот и покачен крвен притисок.