fbpx

Уште еден среќен пар, уште едно бебе си оди дома, уште една среќна приказна. Малата Јустина, која се роди на 11 јануари, денес си оди дома.

„Ништо не е тешко, ниту пак мачно ако покрај себе за време на бременоста ја имаш д-р Гордана Петровска. Таа беше задолжена за целата моја бременост, секој преглед и моето породување. Токму заради неа патувавме од Белград до тука, за секој преглед. Немаше дилема дали породувањето ќе биде во Белград или Скопје. Со огромна љубов и посветеност мојата докторка ја работи најблагодарната работа на светот. Благодарение на неа, јас, Јустина и Марко денес си одиме со насмевка на лицето дома. Благодарност и на целиот тим од Одделот за гинекологија и одделот за неонатологија. Овде сè е совршено“ – истакна Милена Стошиќ.