fbpx

23. недела

Од оваа недела бебето почнува да има поизразени движења на очите. Јазикот на бебето наскоро развива рецептори за вкус. Кај машките деца во овој период тестисите се спуштаат од абдоменот. За девојчињата матката и јајчниците се формирани, со комплетен број на јајце клетки за целиот живот. Мозочните клетки се развиваат многу брзо. Особено оние одговорни за мислење, учење и паметење. Коските се многу поцврсти, а кожата станува подебела и понепрозирна.

 

Вашето бебе е со големина на грејпфрут

Просечна должина изнесува 29 цм, а тежи околу 500 грама

Бебе во 23.недела

Го слуша вашиот глас и работата на вашето срце. Регистрира и некои силни дразби од надворешниот свет.

Телото станува пропорционално со главата.

Кожата полека добива розово-црвенкава боја (не е повеќе прозирна).

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Вртоглавици и слабост- Вашите крвни садови се шират како одговор на хормоните на бременоста. Во исто време волуменот на крв рапидно се зголемува уште од стартот на бременоста. До 34.недела се зголемува за 45% повеќе од волуменот кој бил пред бременоста. Сепак, крвните садови се многу проширени, а зголемувањето на волуменот на крвта не може да постигне да ги исполни и тоа доведува до пад на вашиот крвен притисок и може да почувствувате повремено слабост па дури и вртоглавици и тахикардија. Доколку имате вакви тегоби, пијте многу течности и станувајте полека, по лежење или седење. Доколку се чувствувате слабо, најдобро е да легнете. Потребни се редовна лабораториска контрола и контрола кај гинекологот.

Отечени зглобови. Сосема нормална појава во бременоста. Доколку станува сè поизразена, разговарајте со вашиот доктор.

Брекстон Хикс (Braxton Хикс) контракции. Не заборавајте да пиете многу вода и  одморајте

Болки во грбот.

Крвавење и / или отечени непца.

Советуваме

Бидете ведри и насмеани. Вашето бебе чувствува сè што чувствувате и вие. Знае кога сте добро расположени, а го чувствува и вашиот стрес и нервоза. Бидејќи веќе слуша сè што се случува во надворешниот свет, пејте почесто за да може да го чуе вашиот ведар глас.

Поминете повеќе време со вашиот партнер, разговарајте за вашите идни планови поврзани со новиот член во семејството.