fbpx

Решение за неплодноста кај партнерот

Иако многумина сѐ уште сметаат дека плодноста е „женски проблем“, дури една третина од сите случаи на неплодност се однесуваат на машката популација. Првиот чекор кој треба да го преземе вашиот партнер е да посети уролог. Тестикуларна екстракција на сперматозоиди (micro tese) претставува хируршка процедура која се користи за пронаоѓање сперматозоиди кај пациенти кои немаат сперматозоиди во ејакулатот (азоспермија). Д-р Александар Мицковски, уролог хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека оваа метода се изведува со отстранување на мал дел од ткивото на тестисот од каде што се добиваат сперматозоидите, додека пациентот е под анестезија. 

Зошто оваа постапка е подобра од биопсија?

Оваа напредна техника овозможува да ја насочиме биопсијата до најдобрите делови и со тоа да ја зголемиме можноста за наоѓање сперма, отстранувајќи помали количества на ткиво отколку со обична биопсија. Обичните биопсии не даваат секогаш точни резултати или лекарот не може да најде доволно сперма набљудувајќи ја само надворешноста на тестисот. Micro tese е напредна процедура којашто мора да се изврши од страна на микрохирург.

Замрзнување на спермата

Micro tese може да се изврши како дијагностичка процедура и ако се пронајде употреблива сперма таа може да се замрзне, а на двојката ѝ се советува да продолжи со ICSI (ефикасна метода на оплодување на јајце-клетките кога параметрите на ејакулатот не се оптимални или кога претходните методи на фертилизација не даваат резултат). Со помош на методата ICSI може успешно да бидат третирани и најтешките случаи на машка неплодност (многу мал број или отсуство на сперматозоиди во ејакулатот). Во овие случаи со помош на одредени постапки сперматозоидите се добиваат од тестисот или од епитидимисот. Замрзнувањето на спермата кај мажите со проблеми во однос на создавање сперма може да биде тежок процес, бидејќи оваа сперма обично е во мала количина и не се одмрзнува брзо. Затоа најголема шанса за бременост би имале ако се користи свежа, добиена пред самото вештачко оплодување.

Предности

Можноста за наоѓање сперма со мicro tese е поголема од 60 отсто. Ова е двојно поголема шанса од шансата за наоѓање сперма со иглени биопсии и немикрохируршки биопсии што се прават од страна на уролози. Micro tese достигна голем напредок во хирургијата, фокусирајќи се на минимално инвазивни техники, кои овозможуваат побрзо закрепнување на пациентот.

Центар за машка неплодност

Специјалистите од Центарот за машка неплодност во „Аџибадем Систина“ нудат уникатен и тимски пристап во дијагнозаw и лекување на неплодноста кај мажите. Како врвен центар ги следиме најновите светскитекови со цел да им помогнеме на двојките да дојдатдо свое потомство. Располагаме со тим и опрема за дијагноза на машка неплодност, како и сите видови медикаментозни и хируршки третмани во лекување на неплодноста кај мажите.