Младите мајки ги вознемирува тоа што воспоставениот ритам на бебето одеднаш се менува. Постарите лица ќе речат дека „бебето менува“, расте и созрева. Но, што всушност се случува?
Скоковите во развој се моменти во кои што имаме нагли моторни и психички скокови во сознанијата што ги има детето. Првите скокови во развој се забележуваат уште во првиот месец. Скоковите во развој се индивидуални кај секое дете и не треба да се врзуваат со точна дата и ден и не треба да бидат причина за вознемирување кај родителите.
Повеќе информации слушнете од гостувањето на д-р Александар Сајковски, педијатар од „Аџибадем Систина“.