Породување без болка
Болката која ја доживуваат родилките за време на породувањето се класифицира како најсилната болка што може да ја почувствува жената во текот на животот. Современата медицина пронашла решение за обезболување за време на породувањето, а тоа е примената на епидуралната и спиналната анестезија.
Д-р Ивица Стефановски преку илустрирана презентација им ги објасни чекорите во поставувањето на анестезија и предностите на безболното породување на трудниците кои беа дел од едукативното предавање во „Аџибадем Систина“. Д-р Стефановски одговори на многуте прашања поврзани со чинот на породувањето и примената на анестезија. Оваа среда трудниците добија подароци од брендот Femibion.
Следната среда ќе се одржи предавање на тема – Нега на новороденче. Пријавете се на 02 / 30 99 500.
https://acibademsistinababy.spine.mk/bebe/33-novosti/582-predavanja-bezbolno-poroduvanje#sigFreeId16c85e487c