Исхраната е прв чекор за здрава бременост
Кои се најважните минерали и витамини кои и се потребни на мајката за здрав плод, како правилно да се комбинира храната за телото да ги искористи сите хранливи материи, зошто е важен правилен распоред на земање на суплементи во бременоста, како да го одржувате оптималното ниво на железо во крвта и да не се доведете во состојба на анемија, која е често присутна кај трудниците.
Д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог од „Аџибадем Систина“ ги посочи основните правила на исхрана и уште многу други корисни информации на вчерашното едукативно предавање.
Присутните трудници оваа среда добија подароци од нашите пријатели од Галафарм. Следното предавање на 09.11 (среда) е на тема Промени во бременост за кои е потребен лекарски преглед. За да присуствувате потребно е да се регистрирате на 02 / 30 99 500.
https://acibademsistinababy.spine.mk/bebe/33-novosti/595-predavanja-zdrava-isharana-vo-bremenost#sigFreeIdd15fca21a4