fbpx

Д-р Адамоска е дел од нашето семејство

Со балони во раката Софија и братчето Јаков ја пречекаа својата мала сестричка Драгана. Кога ги прашавме кој ќе се грижи за Драганa, одговорија „мама“, но ние сме сигурни дека и двајцата ќе ѝ бидат од голема помош на мама Татјана.

Трите дечиња на Татјана и Грегор се дел од „Аџибадем Систина“ уште од денот на нивното раѓање, а д-р Снежана Адамоска Клисароска  е заслужна што секое од нив дојде на свет здраво и живо.

„Голема благодарност до нашата докторка, која беше толку посветена за секоја моја бременост. Благодарение на неа денеска ги имам Софија, Јаков и Драгана„, вели Татјана.

Честитки за семејството Стојановски.