fbpx

Топло добредојде за малото братче

Со многу балони и играчки, шестгодишниот Максим го пречека малото братче. Ќе се вика Јован. На свет го донесе д-р Елизабета Матевска, која се грижела за двете бремености на мама Ирена.

Максим е веќе подготвен да се грижи и да си игра со Јован. Ни вети дека ќе ѝ помага на мама Ирена и дека ќе биде најдобриот брат на светот.  

Честитки за гордите родители Ирена и Игор.