fbpx

Топло добредојде за Месут Јаман

Со безброј балони, огромни сини машни и слатка маса беше пречекан Месут Јаман, првиот син на Бусе и Мустафа. Професионалните обврски биле причина тие од Турција да се преселат во Македонија и своето семејство да го основаат тука.

„Д-р Бојаџиев се грижеше за целата бременост, му благодариме што на свет ни го донесе малиот Месут Јаман.Професионален  и посветен доктор, кој топло би го препорачале на секоја трудница. А пак Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најубавото место за една родилка, од каде што остануваат само убави спомени“ – изјавија родителите.