fbpx

Три и пол часа по полноќ, кога сите со радост и среќа ја дочекаа новата година, Едона и Адиљ Џамбази станаа горди родители. На првиот ден од годината се роди нивното второ дете, на кое му го дадоа името Селам.

Ова мало бебенце е првороденото бебе во Скопје во 2017 година. Едона добила болки вечерта на 31 декември и се упатила во „Аџибадем Систина“, а по само неколку часа, со спонтано породување на свет го донесе Селам.

„Селам е најубавиот новогодишен подарок за нас. Очекувавме да се роди на почетокот на јануари во предвидениот термин, но секако дека е изненадување тоа што се роди вечерта, за Нова година.  Ова е досега најубавата Нова година за нас. Сакаме да упатиме посебна благодарност до д-р Александар Бојаџиев, кој на свет го донесе нашиот син“, велат родителите на Селам.

Ни претставува чест што годинава за првпат од отворањето на акушерскиот оддел, првото новороденче во Скопје е родено токму во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Му посакуваме топло добредојде на нашето првенче годинава. Со задоволство ги очекуваме новите бебиња во нашето BABY семејство, кое секојдневно брои нови членови.