fbpx

Баже и Ивана Илијоски станаа родители

Фудбалерот на ФК „Пелистер“, Баже Илијоски и сопругата Ивана станаа родители на прекрасно момче. Ќе се вика Максим. На свет го донесе д-р Гордана Петровска, која се грижеше за бременоста на Ивана.

„Сите пофалби за д-р Гордана Петровска, одличен доктор, посветена и професионална. И двајцата сме премногу задоволни од нејзината грижа за време на бременоста. Пофалби и до целиот тим, кој направи да се чувствувам убаво и сигурно во првите денови од мајчинството“ вели Ивана.

Им честитаме на среќните родители. Уживајте во нивните први семејни фотографии.