fbpx

Пет „П“ за д-р Златко Палчевски

На 11 февруари Марија и Југослав станаа горди родители на малиот Алексеј. На свет го донесе д-р Златко Палчевски, кој се грижеше за бременоста на Марија.

„Премногу сме задоволни од нашиот доктор Златко Палчевски. Приземен, професионалец, позитивец, прекрасен, прва лига лекар. Ова се петте зборови кои совршено го опишуваат како професионалец и човек“, велат Југослав и Марија.

За акушерката Маргарита, која била одговорна за време на породувањето, исто така имаат три симболични зборови, кои овој пат почнуваат на М – млада, мила и мудра.

Им честитаме на креативните Југослав и Марија. Уживајте во првите фотографии на семејството Спасиќ.