fbpx

На Велигден се роди Зои

Овој 16 април семејството Илиќ покрај Велигден ќе го памети по раѓањето на нивната ќеркичка Зои.
„Го одбравме ова име бидејќи неговото значење е живот, а со раѓањето на нашата ќеркичка и за нас почнува нов живот. Посебно сме ѝ благодарни на д-р Ирена Шуплиновска Јордановска, која е најдобрата докторка за нас, на д-р Душко Фидановски и на целиот тим од Клиничката болница “Аџибадем Систина“ – објаснуваат гордите родители Катерина и Ненад.