fbpx

Добредојде за Софија

Оваа мала принцеза се роди на 19 мај, а мама Елена и тато Јоже решија да се вика Софија. На свет ја донесе д-р Корнелија Трајкова. Гордите родители изразија голема благодарност за безусловната поддршка до целиот персонал на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, до нивната докторка и до сестра Маги од родилни сали.