fbpx

Завршува периодот кога плодот е најосетлив на надворешните влијанија од лекови, штетни материи и микроорганизми, а во исто време постепено исчезнуваат и вашите тегоби како мачнините и гадењето, но може да се појават желудочни киселини и главоболки. Опасноста од спонтан абортус е помала и со секој нареден ден е сè помала. Бебето голта течност и се движи. Виталните органи: бубрезите, цревата, мозокот и црниот дроб почнуваат да функционираат, иако својот развој ќе го продолжат со тек на бременоста. Како резултат на интензивниот раст на бебето, можно е да се појави мало видливо стомаче (секако, тоа можеби сè уште само вие можете да го забележите). Растот на бебето и зголемената матка предизвикуваат истегнување на лигаментите и мускулите на стомакот, па не се изненадувајте доколку имате слаби грчеви во стомакот. Промени се случуваат и во градите, кои стануваат уште поголеми.

Вашето бебе е со големина на сува слива

Сега е со должина од 30 мм и тежи околу 4 грама. За две до три недели ќе ја удвои должината на телото.

  • Вашето бебе во десетта недела
  • Функционираат зглобовите на рацете
  • Се формираат `рскавиците и коските
  • Виталните органи се целосно развиени и почнуваат да функционираат
  • Стануваат видливи прстите на рацете и косата
  • Голта од амнионската течност и
  • Мрда со нозете

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Може да чувстсвсувате болка во стомакот бидејќи бебето прави притисок на органите, вените, лигаментите и мускулите.

Чувствувате лошење и промена на расположение

Замор. Телото работи интензивно за да создаде услови за нормален раст и развој на бебето.

Вагинален исцедок

Зголемени гради и стомак – Ова е времето кога ќе почнете да ги гледате вистинските промени на телото

Советуваме

Направете го првиот пренатален скрининг. Вашиот гинеколог ќе ве упати на дополнителни испитувања доколку има потреба.

Информирајте се за фетална ехокардиографија (скрининг за откривање комплексни кардиопатии). Кај високо ризични бремености, феталната ехокардиографија се изведува помеѓу 12. и 16. гестациска недела.

Како што целото тело се подготвува за улогата на мајка, полека вашата облека ќе станува тесна, а можеби и е време да купите облека за трудници.