fbpx

Во деветтата недела од зачнувањето (концепција), бебето не се нарекува повеќе ембрион, сега е фетус. Во овој период, фетусот сè повеќе наликува на бебе. Формирани се основните органи, па во следниот период следува нивен развој. Кон крајот на првиот триместар полека но сигурно ќе се намалуваат утринските мачнини кои претставуваат вистински кошмар. 

Вашето бебе е со големина на маслинка

Во деветтата недела има должина од  17-22 мм и тежи околу 2 грама.

Вашето бебе на девет недели

• Ембрионот стана фетус
• Прави движења, видливи на ултразвучниот апарат, но вие сèуште не можете да ги почувствувате.
• Развива различни карактеристики на лицето (изрази на лицето)
• Срцето е поделено на четири комори.
• Има мали ушни школки, нос и ноздрви.
• Постелката е развиена до тој степен што почнува да создава хормони.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

• Промени во расположение. Новиот хормонски статус е главен виновник за промените во расположението.
• Утрински или целодневни мачнини. Откријте која храна прави да се чувствсувате лошо и избегнувајте ја.
• Често мокрење, замор, главоболка.
• Зголемена телесна тежина. Просечно се добива 1 до 5 кг во првиот триместар.

Советуваме

Одлучете како и кога ќе ја споделите веста за бременоста
Најдете ги одговорите на најчестите прашања на секоја трудница