Бебето е свртено со главата надоле, положба што треба да ја заземе за да може спонтаното породување да се одвива нормално, односно бебето со главата да навлезе во родилниот канал. Иако ви се чини дека има уште многу време, вашето малечко е подготвено за живот во надворешниот свет (во случај породувањето да се случи порано од планираниот термин). Вашето тело се подготвува за најубавата улога – доењето.
Во текот на 9. месец се почести контролите, а се прави и кардиотографија (CTG) со која се регистрираат отчукувањата на срцето на вашето бебе. Покрај тоа го регистрира и постоењето, јачината, траењето и честотата на контракциите на матката. Неговата цел е да се евалуира состојбата на плодот, неговата снабденост со кислород и дали при појавата на контракциите се нарушува снабдувањето на плодот со крв. Се изведува во последниот триместар и во текот на породувањето.
Вашето бебе е со големина на тиква
Просечната должина на бебето сега е околу 42,5 см, а просечната тежина околу 1700 грама
Бебе во 32.недела
Поголем дел од бебињата се вртат со главата надолу.
Развиени се и функционираат сите сетила.
Ги отвора очите додека е будно.
Под кожата се формира масно ткиво.
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Braxton Hicks контракции
Затемнети брадавици и зголемени гради
Проблеми со дишењето. Бебето притиска на белите дробови, па не можете да вдишите и издишите правилно.
Киселини.
Зголемен вагинален исцедок. Телото се подготвува за породување, а исцедокот ве штити од инфекција.
Советуваме
Запишете се на часови за правилно дишење.
Размислете дали ќе зачувувате матични клетки.
Комплетирајте го списокот за потребни работи за бебето.