fbpx

Елена Мицевска Стојчевска одлучи својата ќерка да ја крсти по главниот лик на својата омилена книга. Малата принцеза, која се роди на 30 март, го доби името Сиена, а на свет ја донесе д-р Павле Димчев. Гордите родители Елена и Бобан се презадоволни од  третманот кој го добиле во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и велат дека во сеќавање ќе им  останат само среќни моменти.