8. месец
Говор: Имитира поширок дијапазон на звуци. Одговара на познати звуци со вртење на главата и телото.
Меморија: Се сеќава како да одговори на специфични фрази: ги подига рацете кога ќе слушне “опа!”
Фини движења: Ги отвора прстите само и може да испушти или фрли предмет.
Груби движења: Координацијата се подобрува и детето почнува да ползи, и тоа најчесто на почетокот ползи наназад.
Хранење: Може да почне да пие од чаша, а сé помалку исипува. Храната сé уште треба да е добро пасирана.
Спиење: Се учи да биде будно. Ако се вознемири, тешко заспива.