fbpx

Совети за здрав живот на вашето бебе

Средината во која ќе расте вашето бебе е од големо значење за неговиот понатамошен живот. Обезбедувањето  здрава и чиста средина, без чад од цигари е една од најважните карактеристики кои може да влијаат врз целиот живот на вашето бебе.

Заштитете го од домашен прав, избегнувајте контакт со луѓе кои се носители на некоја инфекција, обезбедете оптимална собна температура, но внимавајте и на температурата при бањање. 

Бебето може да се бања секој ден. По примање на БСЖ вакцинација, истиот ден бебето може да се бања, само треба да се внимава да не се притиска местото каде е дадена вакцината.

Облеката на вашето бебе треба да биде чиста, добро испрана и испеглана. Поради блискиот и чест контакт на мајката со бебето не се препорачува мајката да користи интензивна козметика.

Доколку планирате да одите на подолг пат со вашето бебе, треба да се консултирате со вашиот педијатар за безбедноста при патувањето. За време на летен одмор не заборавајте да земете крема за сончање со висок заштитен фактор, лесна и светла облека и лекарства.