fbpx

Почнува новиот циклус на предавања за трудници

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на уште еден циклус на бесплатните предавања за трудници, кој стартува в среда, на 12 ноември. И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини и подароци. Нашите доктори, медицински сестри и акушерки се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста. 

В среда стартуваме со темата „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач е д-р Ирена Шуплиновска-Јорадановска, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе дознаете кога се прави фетална ехокардиографија и зошто овој преглед е еден од најбитните за трудницата и бебето.

Со задоволство ве очекуваме да дојдете во голем број, заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Во изминативе три години многу трудници споделуваа прашања, искуства и среќни мигови со нас, бидете и вие дел од најпосетените предавања.

Наши драги идни родители,

Предавањата се од отворен карактер и на нив може да се пријават сите трудници, но добредојдени се и нивните придружби. За секоја трудница подготвуваме интересен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели. Најавата може да ја направите во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500 или на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подолу можете да ја погледнете целосната програма.

Се гледаме секоја среда во 19 часот во Acibadem Sistina!