fbpx

СТОЛЕ СТОИЛОВ СТАНА ТАТКО, ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЕ РОДИ БОЈАН

Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница станаа родители. На 19 август во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди нивната прва среќа, малиот Бојан. За бременоста на Деница се грижеше д-р Гордана Петровска, која на свет го донесе нивниот син.

За Деница, бременоста била убаво и несекојдневно искуство, а породувањето момент кој засекогаш ќе биде дел од нејзините спомени.

„Бременоста ја поминав без никакви проблеми, доаѓав на редовни прегледи кај д-р Петровска и ги следев нејзините препораки. И покрај тоа што сме во ек на пандемија со коронавирус, бев спокојна бидејќи тука во болницата сите носат заштитни униформи, се внимава на секој детаљ за наша безбедност како пациенти“ вели Деница.

Покрај тоа што болницата „Аџибадем Систина“ се грижи за спортските повреди на Стоилов, тој и неговата сопруга одлучиле да ја одберат болницата и за следење на бременоста и породувањето. Пред еден месец тој направи успешна интервенција на носот, а пред една година изведе и хируршка интервенција на коленото по што следуваше и физикална терапија и рехабилитација.

„Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, и затоа токму ‘Аџибадем Систина’ е местото кое го одбравме со Деница за најубавиот момент, доаѓањето на свет на нашето дете. Им благодарам на целиот тим доктори, пред сè на д-р Петровска, која се грижеше за Деница додека беше бремена, а сега нè направи и среќни родители“, вели Стоилов.

„Аџибадем Систина“ изминативе години нуди комплетна поддршка за спортските перформанси на голем број професионални спортисти. Медицинскиот тим на болницата е секогаш тука кога е потребна брза асистенција, поддршка и стручна помош. Благодарение на експертизата и моќната технологија во болницата, навреме се дијагностицирани сите повреди, а брзата реакција значи многу, особено кога станува збор за професионален спортист кого сакате брзо да го вратите во игра.