Трет циклус предавања за здрава бременост
Во тек е третиот циклус едукативни предавања за идните родители. Осумте предавања ги опфаќаат најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Предавачи се специјалисти од различни медицински дејности и акушерки од Аџибадем Систина. Фотографиите се од последните три предавања (Задолжителни скрининзи во бременоста; Како да се храните здраво и Промени во бременоста за кои е потребен лекарски преглед. )
Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани. Секое предавање е засебно и може да се вклучите во било кое време во текот на циклусот предавања. За учество во програмата само потребно е да се регистрирате на 02/30 99 500. Секоја среда присутните трудници добиваат и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.
Следното предавање на 6 април (среда) е на тема - Физичка активност и орална хигиена во бременоста. Со задоволство ве очекуваме.
https://acibademsistinababy.spine.mk/novosti-2/33-novosti/481-predavanja-30032016#sigFreeIdbf344234b0