fbpx

Под мотото „Да го одржиме доењето заедно“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одбележа светската недела на доењето со едукативен настан.

Присутните гости на почетокот на настанот ги поздрави д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија. Д-р Станка Танчева Крстевска, педијатар, ги посочи сите предности на доењето и незаменливата улога на мајчиното млеко, како и придобивките од доењето во однос на растот и развојот на децата. Марина Стерјевска, медицинска сестра - едукатор за доење, на присутните, покрај практичните совети за доење, им објасни и како да се воспостави правилна лактација.

Специјални гости на предавањето беа мајките Катарина Ивановска, Тамара Тодевска и Гордана Клинчарова, кои преку своите искуства ги охрабрија сегашните и идни мајки да продолжат со доењето и да уживате во најубавата животна улога. За доењето кажаа дека е прекрасно искуство, а мајчинството, пак, било најубавото нешто што им се случило во животот.

Во дискусијата се вклучија и присутните во публиката, а подароци за нив  подготвија нашите BABY пријатели - Алкалоид, Медела и Авент.