
Две години по раѓањето на синчето Алексеј, Маја и Ивица станаа родители на малата Ива. На свет ја донесе д-р Павле Димчев, за кој таа има само најпофални зборови.
„Тој е најдобриот и најпрофесионален доктор. Д-р Димчев исто така се грижеше и за мојата прва бременост, на свет го донесе моето прво дете Алексеј и би сакала да му кажам едно огромно благодарам за грижата и посветеноста како од негова страна исто така и од страна на целиот тим на Аџибадем Систина“, вели Маја.
Пофални зборови родителите истакнаа и за посветеноста на нивниот педијатар д-р Станка Танчева.
„ Д-р Станка Танчева повеќе од две години се грижи за малиот Алексеј, уште од неговото раѓање , а од моментот на раѓање, секако, и за малата Ива. Д-р Станка е најпозитивната и најпосветена докторка, која е секогаш тука за нас“, вели Маја.
Честитки за семејството Кипроски за новиот член.
https://acibademsistinababy.spine.mk/novosti-2/34-majkite-raskazaa/659-iva-kiproska#sigFreeId4df9594ff7
