fbpx

Со нетрпение и возбуда дванаесетгодишниот Симеон ја зема својата сестричка во рацете за да го направат првото селфи. Тој го избрал името за неа и вети дека од сега тој ќе биде одговорен за неа. Уживаше чувајќи ја малата сестричка и не дозволи никој да ѝ пријде.

Мама Александра и тато Александар Петровски велат дека се пресреќни. Гордите родители изразија огромна благодарност и пофални зборови до д-р Јорданчо Иванов.