fbpx

Уште една мала принцеза се придружи на големото AcibademSistina Baby семесјтво. На 11 март се роди малата Миа. Нејзината три години постара сестричка Теа, со полни раце мечиња и балони со нетрпение очекуваше да си го земе бебето и да го однесат дома.

„Поради одличната соработка, посветеност и стручност на д-р Гордана Петровска, вниманието што го имав од целиот тим на гинекологија и акушерство во првата бременост, без сомнение одлучивме втората бременост да ја довериме на иститот тим. Покрај д-р Петровска, преблагодарни сме и на сестра Снеже. Имате тим со кој треба да се гордеете!“- раскажуваат мама Андријана и тато Владимир Јанески