21. недела
Иако е сè уште рано, некои од бремените жени почнуваат да ги чувствуваат знаците на бременост што се јавуваат во третиот триместар: киселини, Braxton Hicks контракции и зголемени гради. Дали го одбравте името на вашето малечко? Некои од идните родители тоа го знаат уште пред да го дознаат полот. Некои, пак, љубопитно ги читаат листите со имиња со цел да го сретнат највпечатливото. Додека сè уште сте во форма и полни со енергија, разгледајте што сè би сакале да купите за новиот член во семејството. Не оставајте сè за последните недели, кога единствено нешто што ќе сакате да го правите е одмор.
Вашето бебе е со големина на калинка
Просечна должина 26 цм
Просечна тежина 360 грама
Бебето во 21. недела
Дигестивниот систем се подготвува за работа во надворешниот свет при што во цревата на фетусот се создава мекониум - зеленикаво-кафеава материја. Мекониумот е првата столица која ја има бебето по раѓањето.
Доколку се работи за женски плод, во оваа недела се создаваат околу 6 милиони јајце клетки во јајчниците (резерви за целиот репродуктивен период на жената).
Лануго – мали ситни влакненца растат насекаде по неговата кожа. Слухот веќе толку е развиен што бебето слуша и звуци од надвор.
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Проблеми со дишењето и непцата – Како што се зголемува циркулацијата, повеќе крв поминува низ вашите мукозни мембрани. Тоа доведува внатрешната слузница на носот и на дишните патишта да отече, што може да го намали протокот на воздух и доведува до хрчење, потешко дишење, чувство на затнат нос. Од истите причини се појавува и крвавење од вашите непца при четкање на забите. Препорака, користете помека четкичка за заби во бременоста.Киселини и проблеми со варење на храната. Избегнувајте зачинета храна и храна што ви предизвикува киселини.
Зголемени гради. До крајот на вториот триместар целосно се формираат млечните канали.
Сува и чувствителна кожа на стомакот. Како што расте бебето вашата кожа станува сè потенка и почувствителна.
Стрии. Растегнувањето на кожата на стомакот може да доведе до појава на стрии.
Советуваме
Прочитајте повеќе информации за Braxton Hicks контракции. Дознајте како да ти разликувате од родилните контракции.
Направете план што сè треба да купите за вашето бебе.