23. месец
Говор: Употребува зборови за да изрази лутина. Понекогаш сè уште се потпира на изрази на лицето или извици за изразување чувства.
Меморија: Може да следи прости наредби, но вниманието сè уште не е целосно.
Совет: Обидете се да разговарате со своето дете и да не му одговарате со „А-ХА“ зашто тоа веќе разбира кога навистина го слушате, а кога не.
Фини движења: Црта и со помош може да затвори груб круг.
Груби движења: Има подобра координација и повеќе сака да трча отколку да оди.
Облекување: Може да облекува едноставни делови од облеката, но не разликува што е напред, а што назад.
Извршување задачи: Отвора врати, распакува подароци и се обидува да помага кога родителите прават нешто.