fbpx

Можеби ќе ве изненади фактот дека пилатесот е една од најпогодните активности за време на бременоста. Практикувајќи пилатес ќе се чувствувате поудобно, ќе го скратите времето на пораѓање и ќе се вратите во форма по породувањето многу побрзо. Пилатесот ќе го подобри вашето дишење, ќе ви ги олесни болките во грбот и ќе ве направи пофлексибилни.  

Ве прави релаксирани и опуштени

Пилатесот  е добар за фокусирање на умот, па можете да го користите за   релаксација. Посветете време за себеси, далеку од вашите обврски. Пилатесот ќе ви помогне да се опуштите  намалувајќи го стресот и во крајна линија ќе му користи на вашето бебе, што е и најбитно!

Ги зацврстува ослабените мускули на карлицата и стомакот

Како што бебето расте, стомачните и карличните мускули се под зголемен притисок. Истовремено хормонот релаксин ги прави лигаментите попустливи. Вашите лигаменти ќе се растегнат повеќе од вообичаено и ако ги преоптоварите може да дојде и до повреда. 

РЕЛАКСИРАЧКИ ТРЕНИНГ

Пилатесот ги активира најдлабоките слоеви на стомачните мускули кои се неопходни за стабилизирање на вашиот грб и карлица. Голем дел од пилатес вежбите го намалуваат притисокот на грбот и карлицата, а кон крајот на бременоста   помогаат во позиционирање на бебето во правилна положба пред породувањето. Вежбите нема да ве заморат, а добивате релаксирачки тренинг што можете да го правите и во првата или 31. недела на бременоста.

Неколку добри причини зошто да вежбате пилатес

- Ве прави поиздржливи за време на породувањето 

- Ве прави позитивни

- Го намалува ризикот од покачување на телесната тежина;

- Овозможува полесно и пократко пораѓање;

- Помага во релаксирање на телото и умот;

- Го држи нивото на кортизолот (стрес хормон) ниско;

- Ги намалува проблемите поврзани со несоницата;

- Ја регулира температурата на телото;

- Ги намалува компликациите за време на бременоста;

- Побрзо ќе ја вратите тежината што сте ја имале пред бременоста;

- Го намалува бројот на трудници кои се пораѓаат со царски рез;

- Подобрената циркулација помага против грчевите, запек и отоци,  

- Помага за намалување на заморот, дури и во првиот триместар. 

- Помага против депресијата;

Советуваме

Ако претходно не сте вежбале пилатес, најдете пилатес инструктор кој има претходно искуство со трудници за да може да ви посвети целосно внимание. Не се препорачува да вежбате сами пилатес вежби, без претходно да ги знаете основите на пилатесот. Доколку имате ризична бременост или постоечки тешкотии или болести, консултирајте се со вашиот доктор пред да се одлучите да вежбате