fbpx

Не постои магична формула за здрава диета во бременост. Во принцип, базичните принципи за здрава исхрана остануваат исти – внесувајте многу овошје, зеленчук, житарици и протеини, а избегнувајте прекумерно благо и тестенини. Важно е храната да е свежа, квалитетна, добро измиена, месото добро термички приготвено. Бидејќи истражувањата покажуваат дека исхраната во бременост е тесно поврзана со осетливоста на бебето на инфекции, како и неговата родилна тежина, правилната исхрана е еден од најлесните, најдобри и најважни начини за мирна бременост и најдобар старт за вашето бебе. Погрешно е да се јадете за двајца и да ги зголемувате драстично калориите во бременоста. Почнувајќи од вториот триместар од бременоста вам ви се потребни само 300 до 400 калории повеќе во однос на исхраната која сте ја имале пред бременоста. Дополнителните калории се еквивалентни на еден мал сендвич, една банана и чаша млеко. Додавање храна со целулозни влакна во исхраната (како што се салатите и зеленчукот) многу ќе ви помогне да ги избегнете вообичаените проблеми во бременоста, како запекот и хемороидите. Доволен внес на вода и течности е од огромно значење бидејќи е важно да бидете добро хидрирани, а тоа помага при елиминацијата на отпадните материи преку бубрезите и црниот дроб.