fbpx

За време на бременоста крвниот волумен се зголемува за да ги компензира промените во вашето тело (односно проширувањето на вашите крвни садови),  а со тоа се разредува крвта. Овие промени придонесуваат двојно да се зголеми  вашата потреба за внесување железо. Ако не внесувате доволно железо вие станувате изморени, поосетливи на инфекции, може да се појави срцебиење, а исто така се зголемува ризикот за предвремено породување и породување на дете со ниска родилна тежина.  Добри природни извори на железо се немасно црвено месо, житарици збогатени со железо, леќа, грав, чај и семе од коприва, спанаќ. Железото од животинските продукти, како месото, најлесно се апсорбира во организмот. Доколку нивото на железо е ниско, препорачливо е да користите суплементи кои содржат железо. За да се зголеми апсорпцијата на железо од суплементите комбинирајте ги со витамин Ц. Ако користите суплементи со железо, избегнувајте во исто време да консумирате храна богата со калциум. Иако калциумот е неопходен во бременоста, тој ја намалува апсорпцијата на железо.